Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја скрои листата на можни нови засилувања во својот тим во летниот преоден рок. Перез планира неговиот тим да се засили со четири нови фудбалери, а меѓу нив се тројца крилни играчи и еден напаѓач.
И покрај тоа што Карим Бензема е во одлична форма, и сигурно ќе игра и следната сезона, наводно листата на Перез се состоела од Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус кој може да замине летово, со оглед дека за него има голем интерес. Сепак, прашање е дали Србинот би прифатил да дојде во Реал каде нема да има загарантирана минутажа.
Перез наводно му „фрлил око“ и на Садио Мане. Сенегалецот е во криза и веројатно на лето би можел да замине, и покрај тоа што изрази желба да се врати во Ливерпул. Мане во последната недела имаше бурен период, со оглед дека беше суспендиран, а улчествуваше во конфликт и со неговиот соиграч Лерој Сане.
Третиот на листата на желби е Рафаел Леао од Милан. Одличниот Португалец, кој брилијантно игра во Милан, е опција за крилната позиција на „кралевите“. Со Леао, Перез сака да направи одлични крила со Винициус.
Четвртиот кој е желба на Перез е Самуел Чуквуезе од Вилјареал. Брзоногото десно крило „блесна“ токму на Бернабе против Реал, и ја донесе победата на својот тим, со што Перез наводно веќе го запишал во својот тефтер за потенцијално ново име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА