Флорентино Перез одлучил: Анчелоти и идната сезона тренер на Реал

Иако пред неколку дена се шпекулираше дека искусниот италијански тренер Карло Анчелоти би можел да го превземе тимот на Манчестер Јунајтед, денеска стигна и демант од страна на Флорентино Перез кој напомена дека дон Карло останува тренер на „кралевите“ и следната сезона.

Ова доаѓа после елиминацијата на ПСЖ и одличната игра на Реал во вториот дел, а тимот исто така е на добар пат да ја освои титулата во шпанска Ла Лига.

Па така денеска Перез донел одлука во која ќе му даде доверба на Италијанецот и идната сезона, и во тоа веќе никој не се сомнева. И покрај тоа што е прв, сепак, Перез во еден момент не беше задоволен од играта на својот тим, но во последно време „кралевите“ редат победи, го елиминираа фаворитот ПСЖ па така веројатно со тоа Карло си „купи“ уште една сезона кај Флорентино.

За Анчелоти ова е втор мандат на клупата на Реал. Првиот пат работеше од 2013 до 2015, и ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Супер-Купот и Светското клупско првенство, како и Купот на Шпанија. Сега е на добар пат да се закити и со Ла Лига, и да освои се што може да се освои со Реал.

Се вчитува...