Флорентино во акција: Реал прави дрим-тим со тандемот на Мино Раиола

На Флорентино Перез му стана јасно дека ќе мора да го одврзе кесето за повторно да го направи Реал Мадрид страв и трепет за ривалите ширум Шпанија и Европа, а првиот човек на „кралевите“ има и пеколен план со кој би составил дрим-тим. За тоа да се случи, најпрвин ќе треба да премине преку еден свој досегашен став – да не соработува со Мино Раиола.

Флорентино досега немаше доведено ниту еден фудбалер од овој екстра-менаџер, но во изминатите две години бројот на врвни клиенти на Раиола се зголеми, па Реал е подготвен да седне на маса и да преговара за мегатрансфери на двајца негови фудбалери.

Првиот е Пол Погба, асот на Манчестер Јунајтед кој е решен да си замине од „Олд Трафорд“. Реал се интересираше за Французинот и минатото лето, но никогаш не испрати понуда. Овојпат ситуацијата е поинаква, Флорентино знае дека Зидан има високо мислење за Погба и е подготвен да ја исполни желбата на тренерот, воедно и да се зближи со Раиола за исполнување на уште еден трансфер – оној на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Не е тајна дека „кралевите“ ќе бараат врвен голгетер за летниот преоден рок, ПСЖ не сака ни да чуе за продажба на Мбапе, па сега Флорентино погледите ги врти кон норвешкиот ас. Во прилог на Реал оди фактот дека Халанд има клаузула што го прави достапен за 75 милиони евра, а со него, со здрав Еден Азар и со камбекот на повредениот Асенсио „кралевите“ дефинитивно би биле многу поопасни во навалната линија.

Се вчитува...