ФМП Академија победник на „Балкан Куп 2018“ (ФОТО)

Екипата на ФМП Академија е победник на интернационалниот кошаркарски турнир за млади категории „Балкан Куп 2018“ кој изминатиов викенд под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје.

На турнирот на кој учествуваа екипи од Македонија, Србија и Бугарија, ФМП Академија триумфираше пред КК Вардар, додека третото место го освои Ботев од Пловдив, Бугарија.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски на затворањето на „Балкан куп 2018“ истакна дека преку организирање на спортски настани како овој може многу да се допринесе за унапредување на кошарката и сите останати спортови, посебно меѓу најмладите категории.

„Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи максимално да ги поддржува сите спортски настани кои допринесуваат за развој на спортот меѓу најмладите“ – рече Темелковски, кој од организаторите на Купот доби и благодарница за успешна соработка и допринос во организацијата на турнирот.

Се вчитува...