ФМП Академија стартуваше со триумф, во Кисела Вода „падна“ Кожув

Екипата на ФМП Академија ја стартуваше сезоната во кошаркарското првенство со победа над Кожув. „Академците“ на крајот славеа триумф со 79-75 на домашен терен. Ги добија првата, третата и четвртатата, на крајот доволно за стартен триумф.

Со исклучок на крајот од првиот дел, кога едно време Кожув имаше предност, ФМП ја држеше контролата на резултатот и на крајот дојде до триумфот. Победата можеше да биде поубедлива, откако во финишот едно време домашниот тим имаше и предност од седум поени, но на крајот тимот од Гевгелија успеа да ублажи.

Овенс со 12 поени беше најефикасен во редовите на домашниот тим, а Гордон кај гостите постигна 11.

Се вчитува...