Фоден со комплименти до Халанд: Сити го доби новиот Агуеро!

Двократниот најдобар млад играч на Премиер лигата, Фил Фоден, од следната сезона ќе ја има норвешката гол-машина Ерлинг Халанд за колега во офанзивата на Манчестер Сити. Во оваа прилика, 22-годишниот фудбалер за медиумите ги сподели своите импресии од Норвежанецот.

Халанд му се приклучи на тимот од „Етихад“ на крајот од минатата сезона и се очекува да ја предводи новата ера на „граѓаните“ и да го замени главниот стрелец на минатата ера – Серхио Агуеро.

„Ерлинг е страв и трепет пред противничкиот гол. Сите знаат колку голови може да постигне, но тој доаѓа во сосема нова лига. Овде фудбалот е многу побрз и можно е да му треба малку време да се навикне. Сигурен сум дека тој ќе биде незапирлив кога ќе се прилагоди. Агуеро беше неверојатен, а Халанд е сличен на него во смисла дека може да го загрози противничкиот гол на многу начини. Мораме да му ја дадеме топката на вистинските позиции и тој ќе биде многу важен играч за нашиот тим следната сезона. Халанд е одлично момче надвор од теренот, одлично засилување за тимот. Тој е многу скромен и духовит, но е и амбициозен и желен за трофеи“, изјави репрезентативецот на Англија.

 

 

 

 

Се вчитува...