Милан претрпе уште еден пораз во Калчо-лигата губејќи во Бергамо од Аталанта, нов удар за Пауло Фонсека и неговиот тим во трката за висок пласман во италијанскиот шампионат.
„Примивме два гола од прекини и тоа е она што ме боли, не бевме надиграни, но ги примивме головите од такви ситуации и тоа се покажа пресудно. Мислам дека во првото полувреме игравме многу добро, но во вториот дел немаше доволна поврзаност меѓу среднио ред и напаѓачите, па Мората и Леао беа премногу изолирано. Без оглед на тоа, сметам дека заслуживме повеќе од пораз“, изјави Фонсека.
Потоа, португалскиот стручњак се осврна на арбитражата, жестоко критикувајќи го судиите кои според него влијаеле врз конечниот исход на натпреварот.
„Секогаш сум молчел за арбитрите, другите говореле, но веќе сум изморен да молчам и да гледамшто ни се случува. Првиот гол на Аталанта беше чист фаул, 100% сум сигурен. Цел натпревар судијата беше против Милан, не се сомневам во ова што го говорам. И тоа не е само денес, Милан ја нема почитта што ја заслужува од арбитрите. Секогаш ни се случуваат истите работи, се повторуваат, а ние молчиме. Не се плашам да ја кажам вистината, знам дека не е лесно да се биде судија, но одлуките се редовно против нашиот клуб и време е да престанеме да молчиме. Истиот овој судија беше во ВАР-собата на нашиот дуел со Удинезе, присетете се какви одлуки носеше тогаш. Кога дознав дека тој ќе ни суди не спиев цела ноќ, се плашев што може да ни се случи… на крајот излезе дека сум бил во право“, истакна Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА