Фонсека: Мислам дека повредата на Џеко не е опасна, чекаме одговор од лекарите

Един Џеко беше заменет во средината на второто полувреме на дуелот против Брага, откако синоќа се повреди при една акција во 66. минута, па Пауло Фонсека го извади од игра.

Во својата изјава по натпреварот, Фонсека на некој начин ги смири фановите на Рома, но и сите во таборот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, велејќи дека повредата не е сериозна.

„Ќе видиме за каква повреда станува збор, мислам дека не е ништо опасно, но ќе знаеме наскоро од медицинскиот извештај и лекарите. Навистина ми се допадна Џеко, исто како и Борха Мајорал, важно е да се има конкуренција во ваква ситуација”, рече Фонсека.

Џеко го постигна својот 29-ти европски погодок за Рома против Брага и со тоа стана најдобриот стрелец на Рома во нејзината историја на европските натпреварувања.

Се вчитува...