Екипата на Олимпик Лион иако изминатиот викенд славеше со 2:0 над Анже во Лига 1, од денеска има нов тренер.
Португалецот Пауло Фонсека ја напушти клупата на Олимпик Лион и на неговото место е назначен Карлос Винсенс.
Винсенс е најпознат по тоа што му беше помошник на Хосеп Гвардиола во Манчестер сити.
Пауло Фонсека одлучи да си замине од францускиот шампионат и да се врати во Португалија бидејќи прифати да седне на клупата на Спортинг Лисабон.
Управата на Спортинг го отпушти Руи Борхес поради слабите резултати сезонава и веднаш најде заеднички јазик со Фонсека.
Фонсека освен во Олимпик Лион, во кариерата ги предводеше и екипите на Авес, Пашош Фереира, Брага, Шахтјор, Рома, Лил и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
