Форд се враќа во Формула 1, партнерство со Ред Бул

Форд се враќа назад во Формула 1 по повеќе од 22 години надвор од „летечкиот циркус“, објави денеска американската компанија за автомобили. Откако реши да се повлече од овој спорт во 2004, раководството на Форд донесе одлука компанијата да почне со производство на мотори за болиди, а камбекот на големата сцена е закажан за 2026 година.

Според најавите, Форд ќе потпише договор за партнерство со Ред Бул, со што тимот што е актуелен шампион на Ф1 од 2026 година ќе ги користи моторите на оваа компанија.

„Форд е глобален бренд со неверојатно наследство во светот на трките“, изјави шефот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Форд е трет најуспешен снабдувач со мотори во историјата на Формула 1, овој тим има 13 титули на возачи и десет на конструктори, па јасно е зошто со големи амбиции се враќа токму во еден од најдобрите тимови во последните децении.

Се вчитува...