Формула 1 во Барселона ќе можат да ја следат илјада навивачи

Организаторите на трката за Големата награда на Шпанија во Формула 1 шампионатот, која е на програмата во Барселона на 9 мај, објавија дека ќе биде дозволено присуство на илјада навивачи.

Претходните две трки во најбрзиот караван во Италија и Португалија се возеа без присуство на публика. Сепак, епидемиолошката состојба во Шпанија е подобра, па владата дозволи присуство на илјада навивачи.

Секој што е на трибините ќе мора постојано да носи маски. На присутните ќе им биде забрането да консумираат храна и пијалоци. Секој ќе ја измери температурата на влезот.

„Ова е голем чекор напред. Драго ни е што повторно ќе можеме да бидеме домаќини на фановите на моторспортот, иако ќе има мал број публика“, изјави Луис Сантамарија, генерален директор на трката.

Се вчитува...