Формула 1 возачите со порака до легендата: Себ, без тебе нема да биде исто

Крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот ќе донесе и крај на една ера откако легендарниот германски возач Себастијан Фетел се одлучи да стави кај на кариерата. Четирикратниот освојувач на шампионатот кој доминираше на почеток на претходната деценија ќе остане запомнет како еден од најдобрите на сите времиња.

По објавата за пензионирање порака доби и од останатите возачи како Луис Хамилтон и Мик Шумахер кои на социјалните мрежи објавија пораки до својот ривал, но и пријател…

„Себ, ми беше чест да бидеме ривали, а уште поголема чест што си ми пријател. Овој спорт го оставаш подобар отколку кога го најде, а тоа отсекогаш беше твојата цел. Не се сомневам дека се што те чека во иднина ќе биде возбудливо, значајно и корисно. Без тебе нема да биде исто. Те сакам човеку“, напиша Хамилтон.

„Фала за се што му даде на спортот кој го сакаме. Едвај ја чекам нашата заедничка последна трка. Фала ти Себ, ти си инспирација“, напиша Мик Шумахер.

Се вчитува...