„Формула 1 ги сака руските рубљи, но не и Русите“

Никита Мазепин е еден од спортистите кои поради националната припадност доби „забрана“ за натпреварување. Имено, Форума 1 возачот кој беше дел од тимот на Хас на почетокот на сезоната беше искучен од најбрзото натпреварување на светот по конфликтот помеѓу Русија и Украина, а притоа американскиот тим го прекина и спонзорството со руската нафтена компанија.

Младиот возач долго време молчеше за ситуацијата, но во интервју за Си-Ен-Ен реши да проговори, а упати и тешки критики кон ФИА.

„Сите имаат право да го изразат своето мислење за ФИА како врховно тело на Форума 1. Истото тоа тело кое не ми дозволува да се натпреварувам, дозволи тимот да ги задржи парите кои се уплатени од спонзорите без обврска да го исполнат договорот за кој ги добиле тие пари. ФИА и тимовите во Ф1 мораат да ги преиспитаат вредностите за кои работат. Форума 1 ги сака руските рубљи, но не и Русите. Тоа што во моментот се случува во светот е ужас“, изјави Мазепин.

Се вчитува...