ФОТО: Бомбите го уништија стадионот на украински премиерлигаш

Во руската инвазија на Украина, целосно е уништен стадионот на фудбалскиот клуб Десна од Чернигов, соопшти клубот на своите социјални мрежи. Стадионот „Јуриј Гагарин“ се наоѓа во северниот дел од Украина, на самата граница со Белорусија.

Се огласија и од таборот на Десна.

„Веќе трет пат ни го погодија стадионот. Окупатрот го уништува нашиот град, а сега и нашиот стадион. Ова се фотографии од синоќешното бомбардирање. Но, ние ќе го изградиме повторно. Ќе бидеме уште подобри и посилни од вас соседи. Битка за вистината, победа за Украина“, се вели во соопштението на ФК Десна.

Стадионот бил реконструиран во 2008 година, и е со капацитет од 12.000 гледачи.

Се вчитува...