ФОТО: „Чкембари“ секаде со Пелистер – се навива и во Струга, блиска средба и со полицијата

„Чкембари“ секогаш и секаде со Пелистер. Најверните навивачи на битолчани вечерва во Струга со максимална поддршка за Е. Пелистер кој го игра финалниот натпревар против Вардар на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2020“.

„Чкембарите“, поради неможноста од трибините да го следат дуелот, со поддршка од зад головите на игралиштето во Струга. Имаа и кратка блиска средба со полицијата во обидот да се разубедат како и од каде може да навиваат, но сето тоа само во насока за загревање на натпреварот…

Се вчитува...