ФОТО: Е.Пелистер почна нова ера со Лино Червар

Со денешниот состанок и првиот собир, ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона. Со нов тренер во името на легендарниот Лино Червар, битолчани имаат цел да ја вратат титулата во Битола, и поуспешни настапи на меѓународна сцена.

Екипата  денеска ќе има заедничка вечера, а во текот на следните два дена ракометарите ќе бидат подложени на медицински тестови. Е.Пелистер првата недела ќе ја одработи во Битола, а потоа заминуваат на подготовки во Словенија.

„Зелените“ ја засилија екипата со Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе. Од тимот заминаа Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.

Се вчитува...