ФОТО: „Криенка“ – И со мижење треба да погодиме против Азербејџан!

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Добар дел и релаксирачки вежби одработија македонските репрезентативци на денешниот тренинг во „Глорија спортс центарот“ во Белек во очекување на пријателскиот натпревар со Азербејџан.

Асистентот на селекторот Игор Ангеловски, Иван Јовановски – Карас на фудбалерите им „сервираше“ и вежба за ориентација во просторот… Па, репрезентативците убаво си се забавуваа со „криенка“.

Интерсно, поделени во две групи, најмногу мижеа Пандев, Несторовски и Трајковски… Па на мечот против Азербејџан од нив се очекуваат голови. И со мижење мора да погодат против Азербејџанците, за нов триумф на тестовите против оваа селекција, по оној минатогодишниот од 3-1 во Виена…

Се вчитува...