Репрезентацијата на Македонија Ф7, за која учествуваа бројни некогашни македонски репрезентативци, го освои третото место на Купот на Конфедерациите кој викендов се одржуваше во Рим, Италија.
Нашата селекција најпрво во полуфиналето беше поразена од Италија со 4-1, а потоа во мечот за трето место ја совлада Романија со 3-10, и го освои третото место. Србија стана првак, откако со 5-4 ја совлада Италија во финалето.

Македонската репрезентација беше составена од познатите Нурединоски, Грнчаров, Марковски, Грозданоски, Глигоров, Глишиќ, Јанчевски, Ивановски… Горан Пандев кој беше најавен дека ќе настапи, поради обврски не отпатува во Рим.

Фудбал 7 претставува еден од најбрзорастечките спортови во светот – динамичен, интензивен и исполнет со возбудливи моменти. Комбинацијата од техничка игра, брзи транзиции и постојана акција го прави овој формат идеален и за играчи и за гледачи. Со помал простор, повеќе дуели и почести ситуации за гол, Ф7 создава игра што е полна со енергија и адреналин. Токму затоа овој спорт привлекува сè повеќе учесници, клубови и обожаватели ширум светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

