ФОТО НА ДЕНОТ: Дибиров со специјални црвено-црни патики на Ф4

Првото учество на Вардар на фајналфор турнирите од Лигата на шампионите воедно е второ за Тимур Дибиров (има настапено со Чеховски медведи во 2010 година), а рускиот ас на овој спортски спектакл ќе настапи со специјално дизајнирани патики. Очекувано, боите се црвено-црни, на едната од нив може да се забележи и логото на Вардар, а на патиките има и посвета кон верните „комити“, како благодарност за поддршката не само оваа, туку и во текот на претходните натпреварувачки сезони.

dibirov patiki2 dibirov patiki1

Се вчитува...