ФОТО НА ДЕНОТ: И Дејвид Бекам го запозна македонскиот херој Јане

Најпознатиот фан на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски имаше можност да се запознае и со планетарната мегаѕвезда Дејвид Бекам. Јане Велковски има свое обраќање на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на годинашниот „Светски ден на детето“.

Дејвид Бекам со задоволство му даде автограм на Јане Велковски, а тој му раскажа дека во живо го следеше мечот на неговиот некогашен клуб Манчестер Јунајтед, и тоа на покана на Пол Погба.

Се вчитува...