Невообичајна грешка го одбележа денешниот натпревар помеѓу Локомотива Москва и Галатасај во Лига Европа. Имено на семафорот при најавата на тимови турскиот состав беше претставен со играчите на Баерн Минхен од претходната сезона, а „погодени“ беа само тренерот и логото на клубот.
Оваа грешка наиде на интересни реакции на социјалните мрежи, а многумина се нашалија дека и тренерот Фатил Терим би посакал тим со ѕвезди како Ноер, Горетска, Кимих, Коман…
🏟️ Lokomotiv Moskova maçında skorborda yansıyan Galatasaray 11'i! #UEL pic.twitter.com/oerlCbQty7
— Fanatik (@fanatikcomtr) October 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА