ФОТО НА ДЕНОТ: Лаже судија…, симулира, не го ни допревме!

Фотографијата на денот од македонските спортски терени доаѓа од фудбалската пресметка меѓу Шкупи и Македонија ЃП во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот на Чаир мина под силно полициско обезбедување кое за среќа немаше потреба за сериозен ангажман. А на теренот максимално коректно од страна на двете екипи, иако секако неизбежни беа, во жарот на борбата, и меѓусебните бескомпромисни стартови. Еден таков и врз гостинскиот фудбалер, секако на крај без посериозни последици…

Се вчитува...