ФОТО НА ДЕНОТ: Љубоморниот Кристијано Роналдо

Роберт Левандовски е добитник на наградата „The Best” за најдобар светски фудбалер за 2020 година, прекинувајќи ја доминацијата на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси, кои ги собираа индивидуалните признанија во изминатата деценија.

Роналдо е познат како лош губитник, а фотографијата од самата церемонија јасно го покажува расположението на Португалецот, дека на асот на Јувентус воопшто не му е сеедно што оваа награда оди во рацете на голгетерот на Баерн Минхен.

Среќна околност е што целата церемонија течеше „онлајн“, бидејќи судејќи според претходните искуства, Роналдо воопшто и немаше да дојде на гала-вечерта доколку не беше добитник на главната награда.

Се вчитува...