ЕКИПА во Гент,
Горан Бошев
Македонската репрезентација на најдобар можен начин го демонстрираше сиот свој квалитативен континуитет и со ремито без голови на гостувањето против големиот фаворит Белгија во Гент, по кое уште еднаш Македонија покажа за потенцијалот на оваа селекција на Благоја Милевски.
Македонските херои уште еднаш ја израдуваа македонската спортска јавност и вечерва во Белгија, носејќи огромно задоволство и кај сите присутни македонски фанови на „Планет груп арената“ во Гент, но и во Македонија.
Но, оваа е само уште еден чекор на мундијалскиот пат кој продолжува во понеделник со дуелот против Казахстан во Скопје, а потоа и ноемвриската пресметка против Велс во гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

