ФОТО НА ДЕНОТ: Мрме и неговата најголема поддршка – Тања, Лука, Луна и Леа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски повеќе од заслужено го понесе признанието за најдобар тренер на Македонија за 2020 година.

Човекот кој ја однесе А-репрезентацијата на првото историско Европско првенство го понесе признанието на Агенцијата за млади и спорт за кое гласаа Советот на спорт и домашните медиуми.

А, популарниот Мрме не заборави вечерва во А1 арената да ја искаже својата огромна благодарност за неговите најблиски.

„Ништо од ова немаше да биде возможно без моите најблиски кои се мој огромен мотив. Сопругата Тања, 25 години поддршка, и моите најмили Лука, Луна и Леа“ – истакна Ангеловски овековечувајќи ја наградата со своито семејство.

Се вчитува...