ФОТО НА ДЕНОТ: По пораз фамилијата е најголемата утеха

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа првиот пораз во Европската сребрена лига, откако во Струмица загуби од Данска со 0-3 (21-25, 23-25 и 24-26). Капитенот Никола Ѓорѓиев не успеа да ги води своите другари до нов голем триумф, а по пораз се разбира утехата се бара во најблиските.

Најголемиот фан на македонскиот капитен е неговата ќеркичка Марија која не пропушта ниту еден меч на нејзиниот татко.

Се вчитува...