ФОТО НА ДЕНОТ: Повеќе од 5.000 прилепчани покажаа дека го сакаат фудбалот, ама Тиквеш ја расипа забавата!

Во прекрасна атмосфера на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп мина одбележувањето на кам-бекот на Победа во прволигашкото друштво.

По 12 години Прилеп повторно живееше со прволигашки фудбал, пред повеќе од 5.000 навивачи кои дојдоа да ги бодрат своите „црвени“. Но, забавата ја расипа Тиквеш кој триумфираше со 0-1 со голот на Мишов во 54. минута од средбата.

Натпреварот мина во крајно израмнета игра, Победа имаше своја иницијатива но не успеа да ја искористи за да дојде барем до првиот бод на прволигашкиот кам-бек.

Се вчитува...