Фото на денот: Сега знам колку гола даде

Вирално беше раширено видеото од дуелот Херта – Борусија Дортмунд кога Лусијан Фавр му честита на Халанд за трите постигнати погодоци, за Норвежанецот да го поправи својот тренер дека четири пати ја затресол мрежата на берлинскиот клуб.

Халанд го продолжи своето гол-шоу и вечерва против Бриж, а Фавр во финишот го повлече од игра, притоа покажувајќи му дека овопат добро избројал колку пати бил прецизен најдобриот стрелец на „милионерите“.

Кога се игра убав фудбал и се победува, атмосферата секогаш е на ниво…

Се вчитува...