ФОТО: Обилните дождови го „потопија“ стадионот на Влазерими во Кичево

Обилните дождови кои паѓаа во западниот дел на Македонија, придонесоа за штети во кичевско-охридскиот регион. Оштетен е и фудбалскиот стадион на третолигашот Влазерими од Кичево.

Според фотографиите од Општина Кичево, се забележува  дека теренот е целосен под вода. Исто така уништена е и механизацијата за одржување на тревникот на стадионот на некогашниот прволигаш.

Поради обилните врнежи, поплавени се и дворови на куќи во неколку села во тетовско, а надлежните презедоа мерки за надминување на состојбата.

Се вчитува...