ФОТО: Петмина на купче, новата тактика на Реал Мадрид

Нема сомнеж дека Рафаел Варан е главниот трагичар на Реал при водечкиот погодок на Шахтјор бидејќи бегаше од топката кога требаше да ја расчисти опасноста, но повторените снимки покажаа и уште еден интересен детал, неможноста на „кралевите“ да го затворат просторот при обидот за контранапад на противникот.

Акцијата почна од шеснаесетникот на Шахтјор, по што Украинците тргнаа кон голот на Куртоа, а од фотографијата јасно се гледа дека дури петмина фудбалери на Реал во еден момент се наоѓаат на купче од два-три метри, додека противникот тргнува во ситуација „три на три“ на триесетина метри од голот.

Јасно е дека многу работи не функциоираат како што треба во играта на Реал Мадрид, а Зидан ќе мора што поскоро да најде решение за бројните проблеми. Трпението на приврзаниците на Реал, но пред се на претседателот Флорентино Перез е пред крај.

Се вчитува...