Ракометарите и стручните штабови на РК Алкалоид и РК Мулти Есенс беа дел од дванаесеттиот пикник за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер.
На настанот беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.
Општествената одговорност и хуманитарните активности се долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која дејствуваме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
