ФОТО: „Сити парк бојс“ со нова тепачка, прекин и на финалето

Не се одигра ниту една цела четвртина од финалето на Купот на Македонија меѓу МЗТ Скопје и Работнички, а за жал бевме сведоци на инцидент. Идентично како и на вчерашното полуфинале, повторно во главна улога беа приврзаниците на Работнички, популарните „Сити парк бојс“.

Се почна со мал конфликт на трибината каде беа „црвено-белите“, потоа ситуацијата ескалираше, па кога се вклучи и полицијата почнаа да „летаат“ и пендреци кај приврзаниците на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Дефинитивно сцени какви што не сакаме да гледаме во спортските сали.

 

Се вчитува...