ФОТО: „Вардарци“ пристигнаа во Струга – од трибините го „снимаа“ Металург

Ракометарите на Вардар пристигнаа во Струга каде вечерва ги очекува првиот натпревар на традиционалниот турнир „Струга 2020“. „Вардарци“ од трибината на игралиштето во Струга го следеа настапот на еден од најголемите ривали за титулата следната сезона, екипата на Металург.

Вардар неколку години не беше дел од турнирот во Струга на кој има 12 трофеи, последниот од 2007 година. Сепак за тренерот Алушовски овие бројки не мора ништо да значат со оглед дека клубот подолго време не се натпреварувал во крајбрежниот град.

Се вчитува...