ФОТО: Весело во Белек… Сите го чекаат роденденот на Гого!

Ведра атмосфера во таборот на македонската репрезентација за време на подготовките во турска Анталија… А во базата во Белек, и овој пат како и секогаш, задолжен за позитивно расположение тренер на голманите во националниот тим, легендарниот Гого Јовчев.

Овој пат, во друштво на Пандев, Адеми, Несторовски, Ристовски и Николов, како што самиот Гого вели „ете собрани во очекување на неговиот роденден“. Поранешниот голман на Вардар и македонската репрезентација утре го слави својот 44-ти роденден. Желбата е тој да биде заокружен со победа во вторник на пријателскиот дуел против Азербејџан.

Се вчитува...