ФОТОГАЛЕРИЈА: Ни „Чкембарите“ не помогнаа – Лех е сепак голем „залак“!

Пелистер не успеа да стигне до посакуван резултат на гостувањето против Лех Познањ во Полска кој ќе ги остави надежите за пласман во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Зелените“ загубија со 4-0 во натпревар во кој домашните искористија се што можеше да се искористи, потврдувајќи дека сепак во моментов се преголем залак за освојувачот на Купот на Македонија. На Пелистер не му помогнаа ниту „Чкембарите“ кои пристигнаа во Познањ со поддршка за својот клуб. Како што истакна и тренерот Наџи Шенсои по мечот, реваншот во Струмица очигледно ќе биде само формалност!

[new_royalslider id=”704″]

Се вчитува...