ФОТОГАЛЕРИЈА: Пелистер незрел за Европа, само „Чкембари“ положија!

Не успевајќи да постигнат барем еден гол на двете пресметки со полски Лех Познањ, фудбалерите на Пелистер демонстрираа дека не се зрели во овој момент за европски натпреварувања. Вкупниот пораз од 0-7 од Полјаците, е и резултатска потврда на сето тоа.

Иако одиграа далеку подобро од Познањ, и денеска заслужија да стигнат барем до еден погодок, „пелистерци“ сепак само статистички ќе го минат ова лето на европската сцена, без позначајно одбележување.

Но, наспроти нив, испитот и тоа како го положија нивните најверни навивачи „Чкембарите“ кои и на двата меча им сервираа безрезервна поддршка. Убаво и восхитувачки беше да се погледнат и денеска „Чкембарите“ со сета онаа поддршка кон своите фудбалери, навивање 90 минути во еден здив, и во ситуација кога на терен Пелистер имаше негатива и од три гола… Како мотив за играчите пред она што ги очекува во новата сезона во Првата лига!

[new_royalslider id=”710″]

Се вчитува...