ФОТОГАЛЕРИЈА: Струга реди победи во Европа, Конференциската лига веќе не е така далеку…

Фудбалерите на Струга ТЛ продолжуваат да испишуваат клупска историја, врзувајќи три победи во низа во европските натпреварувања, нешто на што одамна се немаме израдувано од македонските клубови во куповите под капата на УЕФА.

Стружани покажаа и квалитет и карактер, во првиот дел заслужено поведоа со 2-0, а во вториот не ги запре ниту ладниот туш и примениот гол уште во првата минута. Избраниците на Дуро на најдобар можен начин покажаа зошто се шампиони на Македонија, стигнаа до нов триумф кој широко им ја отвора вратата кон плејоф пресметката за влез во групите од Конференциската лига.

Со вакви партии, тоа дефинитивно не е невозможно….

Се вчитува...