Франческо Ачерби – Два пати го победи ракот, а вчера го одигра 100. меч во низа за Сасуоло

Дефанзивецот на Сасуоло Франческо Ачерби, со вчерашната победа над Сампдорија од 1-0 го одигра 100. натпревар во низа во сите натпреварувања за калчолигашот, но при тоа не испушти ниту една минута надвор од терените.Од 100. натпревари 86 се во Серија А, четири настапи се во италијанскиот куп, додека 10 натпревари ги одигра во Лигата на Европа.

Оваа низа започна со настапот против Лацио на 18. октомври 2015 година, а две недели порано Ачерби не играше против Емполи, и тоа беше последниот натпревар на кој Италијанецот отсуствуваше. Во меѓувреме Сасуоло смени три тренери, Еузебио Ди Франческо, Кристијан Буки и Џузепе Јакини, и ниту еден од нив се осмели да го тргне Ачерби од стартната постава, или пак воопшто да го одмори.

Но, во 2013 година Ачерби на два пати ја спасуваше кариерата од предвремен крај, кога му открија тумор на тестисите. Операцијата помина успешно, но по некое време туморот се врати, па 29-годишниот дефанзивец мораше одново под нож. Кон почетокот на 2014 година Ачерби потполно се опорави и се врати во фудбалот, вчера во црно-зелениот дрес забележа убав јубилеј, а во меѓувреме забележа и два настапи за „аѕурите“.

Се вчитува...