Франција остана без првиот центар за Евробаскет 2025

Франција ќе биде значително ослабена за претстојното издание на Евробаскет 2025 откако Руди Гобер го откажа настапот на континенталниот собир.

Одличниот центар на Минесота ниту еднаш не беше отсутен на големите натпреварувања од 2017 година, но по напорната сезона со Минесота тимвервулвс самиот побарал да биде поштеден за претстојниот европски шампионат. Гобер е четирикратен „дефанзивец на годината во НБА-лигата“, минатото лето помогна Франција да стигне до сребро на Олимписките Игри во Париз, неговото значење за националниот тим е огромно, но „триколорите“ сепак го прифатија неговото барање да го искористи летово за одмор и подготовка за наредната НБА-сезона.

Францускиот селектор на располагање ќе го нема ниту Вeмбањана кој е повреден, а прашање е во каква форма ќе биде Матијас Лесор по тешката повреда по која со месеци беше надвор од терените.

Последен пат Гобер не настапи за Франција на едно големо натпреварување во 2017 година, кога „триколорите“ беа шокирани во осминафиналето од селекцијата на Германија.

Се вчитува...