Франција со пресврт до триумф со Хрватска, за голем чекор кон ЛОИ

Ракометарите на Франција веќе се на пат кон Летните олимписки игри во Токио, откако во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Монпеље ја совладаа Хрватска со 30-26.

Французите долго се мачеа, имаа негатива на полувремето од 12-15, но со одличен финиш на крај дојдоа до победа која им ги отвора портите кон Токио.

Во оваа група за пласман на ЛОИ, претходно во првиот натпревар Португалија без проблеми славеше против Тунис со 34-27.

Се вчитува...