Франција во финишот го урна отпорот на Црна Гора, Хрватска до сензација против Унгарија

Актуелиот европски шампион со тесна победа над Црна Гора од 24-23 ја стартуваше одбраната на титулата на првенството во Данска. Црногорките одлично го почнаа мечот. Во текот на целото прво полувреме водеа, а на пауза заминаа со предност од 11-12. И во вториот дел се играшe во егал, a таквата завршница повеќе им одговараше на Французинките кои стигнаа до конечен триумф од 24-23.

Кујате, Ниаките и Флипс завршија со по три гола во победничкиот табор, додека кај Црна Гора Мехмедовиќ и Радичевиќ завршија со по пет гола.

Хрватска стигна до сензација совладувајќи ја фаворизираната Унгарија со 24-22. Израмнет натпревар во кој Хрватките се надминаа себе си и во финишот со ладни глави и одлична игра во одбраната успеаја да го направат првото изненадување на шампионатот. Камила Мицијевиќ со четири гола беше најефикасна во таборот на Хрватска, додека за Унгарија залудни беа и деветте гола на Катрин Клујбер.

Се вчитува...