Франција во проблеми пред дуелот со Македонија: Откажа најстандарниот играч поради повреда

Француската репрезентација до 21 година се соочи со проблеми пред гостувањето во Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП. Франција објави дека двајцата фудбалери Амин Гури и Мелвин Бар се повредени, и тие нема да играат против Ерменија и против Македонија.

Гури е еден од најдобрите фудбалери на Франција, и најстандарните со 16 настапи за младата селекција, додека Бар има само три настапи. Гури имаше најголем број настапи од актуелните фудбалери повикани во младата селекција.

Гури игра за Ница, а беше поврзуван со трансфер во големите клубови. Најмногу за него беше заинтересиран Ливерпул. Со тоа, ова е некој вид хендикеп за младите француски надежи, но и без нив имаат силна селекција и имаат фаворитска улога.

Се вчитува...