Француска легенда ќе биде ривал на Лазаров и Македонија

Легендарниот Дидие Динар ќе биде ривал на Македонија во претстојните квалификации за ЕП 2028 откако овој стратег денеска потпиша договор како селектор на Луксембург.

Динар до неодамна беше кормилар на националниот тим на Црна Гора, но по неуспехот во мундијалскиот бараж против Словенија двете страни не ја продолжија соработката, по што некогаш најдобриот светски дефанзивец се реши за нов предизвик во тренерската кариера.

Луксембург успеа да обезбеди пласман во главните квалификации за ЕП 2028, каде за противници ќе ги има Македонија, Шведска и Грција, а Динар своето деби ќе го има на почетокот на ноември токму во Скопје против Кире Лазаров и нашата национална селекција.

„Со ангажманот на легенда како Дидие Динар ги потврдуваме нашите напори за константен развој на ракометниот спорт во земјата“, објави Ракометната федерација на Луксембург.

Се вчитува...