Француската колонија се зголемува во Баерн – Тован од Марсеј на „радарот“

Крилото на Олимпик Марсеј Флоран Тован, е мета на германскиот гигант Баерн Минхен кој ќе се обиде да го доведе францускиот репрезентативец во своите редови следното лето. Екс-фудбалерот на Њукасл треба да претставува замена за ветеранот Франк Рибери, кој пред една деценија потпиша за „баварците“ токму од Марсеј.

24-годишниот крилен офанзивец игра феноменално од почетокот на оваа сезона. Во француското првенство осум пати се запиша во листата на стрелци, исто толку пати беше асистент, а забалежа погодок и на еден меч во Лигата на Европа. Минатото лето Марсеј го откупи Тован од Њукасл откако во на два пати беше позајмуван од премиерлигашот, кој во 2015 му исплати 16.5 милиони фунти на францускиот клуб за неговите услуги.

Баерн одново ќе купува од „пазарот“ во Франција, откако во претходниот трансфер период пристигна Корентин Толисо од Лион за 40 милиони евра. Покрај Ривери и Толисо, во екипата е и францускиот репрезентативец Кингсли Коман, додека со евентуалниот ангажман на Тован бројката би можела да се зголеми на четворица фудбалери со француско потекло.

  

Се вчитува...