Француски рапер е нов фудбалер на Сасуоло

Италијанскиот клуб Сасуоло во последниот ден од преодниот рок од Сошо го доведе младиот француски фудбалер Арабат Нур, а тој откако наполни 18 години и официјално стави потпис на договорот со калчолигашот.

Меѓутоа, интересно е дека Нур покрај фудбалот има и успешна музичка кариера. Тој е познат рапер, настапува под името Динор РДТ, а веќе има и снимено еден албум.

 

Се вчитува...