„Француските клубови би можеле да банкротираат“

Француската Лига 1 сигурно нема да продолжи пред 15. јуни поради пандемијата од коронавирусот, соопшти првиот човек на унијата на клубови Бернар Кајазо. Сезоната во Франција беше суспендирана на неодредено време на 13. март. Тој исто така предупреди поради целата криза дека би можело голем дел од клубовите во Франција да доживеат и банкрот.

„Неопходно е сезоната да биде завршена по секоја цена. Дури и ако тоа значи таа да заврши во јули или август. Во овој момент клубовите губат околу 250 милиони евра месечно. Многу сум загрижен за нив. За шест месеци половина од нив би можеле да прогласат банкрот. Најдобро би било кога натпреварувањето би продолжило на 15. јуни“, изјави Кајазо. 

Лига 1 беше прекината во 28. коло, а лидер на табелата е ПСЖ кој има 12 бода повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...