Француските репрезентативци шокирани од фудбалските квалитети на 55-годишниот Зидан

Зинедин Зидан, со две победи во Лигата на нации ја започна селекторската одисеја на клупата на Франција, а на тренинзите им покажа на своите фудбалери дека не загубил ништо од фудбалските квалитети.

Репрезентативецот Ману Коне на француските новинари им откри дека бил шокиран од техниката на 55-годишниот Зидан.

„Тоа што ме шокираше во правата недела од подготовките беше неговата техника. Не загубил ништо од неговите можности. Да се види во живо што може да направи со топката е неверојатно, посебно на негови години. Бев многу мал кога Зизу беше пред крајот на кариерата. Да се види дека и понатаму ја има истата техника, значи дека бил неверојатен во негово време. Задоволство е да ве тренира Зидан. Ми рече да играм слободно и ми внесе самодоверба“, изјави Коне, кој додаде дека и останатите репрезентативци биле импресионирани од тоа што Зидан го правел со топката на тренинзите.

 

 

 

Се вчитува...