Француската полиција немаше големо разбирање за навивачите на Пари Сен Жермен кои беа собрани да го гледаат финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампионите на нивниот тим против Баерн Минхен кој се одигра во Лисабон. Навивачите беа собрани во бар за да ја следат пресметката кога упадна специјална единица на полицијата и веднаш реагираше за тоа што не се почитуваа мерките за заштита од коронавирусот, носење маски и одржување дистанца.
Полицијата употреби и солзавец за да ги растера навивачите кои во огромен број беа собрани пред стадионот на ПСЖ во главниот француски град. Згора на ќотекот и на солзавецот, ПСЖ и го загуби финалето во кое беше дебитант. Баерн Минхен славеше со 1-0 и ја освои шестата европска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА