Французи ама во срце „ѓаволи“: Погба и Евра правеа „дар-мар“ на трибините (ВИДЕО)

Патрис Евра и Пол Погба синоќа беа најжестоките навивачи на Манчестер јунајтед на трибините на „Паркот на принцевите“.

Нивниот сегашен и поранешен клуб сензационално се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во последната минута постигна гол од пенал преку Рашфорд. Па, веднаш по голот ерупција меѓу двајцата Французи, славје кое не може да се опише со зборови.

 

Погба со остатокот од екипата допатува во Париз, иако поради суспензија се знаеше дека нема да може да игра. Максималната поддршка од трибините не изостана!

Се вчитува...