ПСЖ во средата во рамките од 16. коло на својот стадион го совлада Стразбур со 2-1. Натпреварот го одбележа доцниот гол на Килијан Мбапе кој во 96. минута од пенал донесе победа за парижаните. Францускиот првак играше со играч помалку откако Нејмар во рок од само две минути доби два жолти картони, и беше исклучен во 63. минута.
Вториот жолт картон Бразилецот го доби откако се обиде да одглуми пенал, со што доби и втор жолт. Со овој црвен картон, Нејмар автоматски доби суспензија од еден натпревар, и тоа значи дека нема да може да игра на мечот на 1. јануари 2023 година против Ленс на гости.
Сега француските медиуми пишуваат дека црвениот картон Нејмар го добил намерно, за да може за Нова година да замине во Бразил. Познато е дека тој не ја пропушта прославата „Ревелион“ во Рио де Жанеиро, која е една од најголемите восветот. Точно на полноќ илјадници луѓе на плажата, облечени во бело, фрлаат цвеќе во море, а потоа следува и голема прослава.
Се чини дека Нејмар сето тоа го испланирал порано, за да добие суспензија и да не биде во комбинација за мечот на 1. јануари. Интересно ќе биде да се види дали ПСЖ ќе го пушти Бразилецот, или, пак, ќе го натера да тренира со екипата и да се подготвува за следните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА